СРЕДБА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ITUC ШАРАН БУРОУ
18.12.2013
За време на Конгресот на Светската федерација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI - Building Worker´s International), што се одржа од почетокот на декември во Бангкок, Тајланд, д-р Живко Митревски, претседател на ССМ и член на Светскиот синдикален совет на BWI, оствари средба со Шаран Буроу, генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC – International Trade Union Confederation).
На средбата претседателот Митревски на Шаран Буроу од името на ССМ и ја пренесе благодарноста за приемот во светското синдикално семејство. Со довербата што ја изрази ITUC кон ССМ посебно се потенцираат синдикалните активности во Република Македонија, кои даваат резултати и во најтешките услови предизвикани од светската економска и должничка криза. Чинот на приемот на ССМ во ITUC е оценет како историски за синдикалното движење во Република Македонија и за неговото легитимирање на светско ниво.