УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
15.12.2013
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи ги усогласија сите одредби од измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Средбата се одржа на 13 декември во ССМ.
На 24 декември е најавено потпишување на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор, на кој ќе присуствуваат и членовите на Советот на ССМ.
На средбата на двата социјални партнери присуствуваа синдикатите здружени во ССМ од областа на приватниот сектор, предводени од претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, и претставници на Управниот одбор на Организацијата на работодавачи на Македонија, предводени од претседателот г. Ангел Димитров.