ОСНОВАНА МРЕЖА ЗА СОЛИДАРНОСТ НА СИНДИКАТИТЕ ОД СООБРАЌАЈ И ВРСКИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 03.12.2013

03.12.2013-foto1Учесниците на конференцијата

“Мрежа за солидарност на синдикатите од сообраќајот и врските на Југоисточна Европа“ е називот на новото тело на синдикатите од регионот. Одлуката за основање на новото тело е донесена на Втората регионална конференција на синдикатите од сообраќајот и врските од регионот, што се одржа на 30 ноември во хотелот “Александар палас“ во Скопје, под лого “Стратегија за солидарност“.

Тема на Конференцијата беше “Развој на синдикални стратегии како одговор на постојните предизвици во транспортот и врските“. Конференцијата ја организираа Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ), Федерацијата на синдикатот за сообраќај на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт за работни односи и социјален дијалог во ЈИЕ, додека учествуваа претставници на Светската федерација на синдикатите од сообраќајот (International Transport Federation - ITF) и Европската федерација на синдикатите од сообраќајот (European Transport Federation - ETF), како и претставици на синдикатите од сообраќајот од Хрватска, Србија, Словенија, БиХ, Црна, Гора и Романија.

03.12.2013-foto2Синдикалната соработка е единствен начин за организирани активности

На прес конференцијата претседателот на СРСВМ Мичо Стојановски истакна дека сите превозници во Европа се рамноправни во однос на правата од работен однос, на правата од остварување на личен доход, односно плата, и во однос на другите синдикални права што ги уживаат вработените во транспортот во регионот. Екатерина Јорданова од Федерацијата на синдикатот за сообраќај на Бугарија и функционер во ITF и ETF рече дека ако сакаме да бидеме достојни партнери и достојна опозиција на организациите на работодавачи треба да вложиме повеќе сила да се обединиме и да дејствуваме заедно.

Претставникот на “Фридрих Еберт“ – Регионален проект за работни односи и социјален дијалог во ЈИЕ Милан Јефтиќ објасни дека регионалната соработка на синдикатите од сообраќајот е единствен начин синдикатите да им се спротивстават на мултинационалните компании, да се изборат за намалување на влошувањето на условите за работа и за подобрување на положбата на работниците.

Мрежата за солидарност на конференцијата постави три конкретни цели, кои ќе се решаваат со поддршка на Светската и Европската федерација на синдикатите (ITF и ETF). Тоа се:

Прво, враќање на одземените права од страна на работодавачите на синдикалните претставници во пристаништето во Констанца, во Романија;

Второ, спроведување активности на европско и светско ниво за враќање на достоинството и лиценците за работа на вработените во “МА – НАВ“ (Македонска навигација), за што е донесена Резолуција на конгресот на ETF во Прага на 27 ноември;

Трето, синдикална помош за колешка од Синдикатот за сообраќај на Црна Гора за остварување на основните права од работен однос.

На конференцијата синдикатите од земјите-учеснички основаа форум преку кој најавија заеднички иницијативи и проекти како одговор на актуелните состојби и проблеми во транспортната инфраструктура и телекомуникациите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc