КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ НА ГАЗИ БАБА
15.11.2013
Денес се одржа Првата конститутивна седница на Советот на Локалниот економско – социјален совет на Општина Гази Баба...
15.11.2013
Денес во просториите на Општина Гази Баба се одржа Првата конститутивна седница на Локалниот економско – социјален совет. За претседавач е избран градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски. На денешната седница исто така е донесен Деловникот за работа и се верифицирани членовите на ЛЕСС.
Советот на ЛЕСС на Гази Баба брои 11 членови, и тоа од локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите. Од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија членови се Зоран Мироновски, претседател на Синдикатот на хемија, неметали и метали и Јован Цветковски, секретар на Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Скопје.
Гази Баба е прва скопска општина во која е формиран ЛЕСС. Спогодбата за формирање е потпишана на 1 ноември 2013 година, од страна на градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ Ангел Димитров и Зоран Антовски од КСС.
Наредната, прва седница на ЛЕСС на Гази Баба е закажана за 6 декември.