СГИП ПРОДОЛЖУВА СО АКТИВНОСТИ НА КОРИДОР 10
13.11.2013
Како во изминатиот период така и во наредниот период, СГИП ќе продолжи со своите активности во секторот градежништво каде што има најголем процент на повреди и смртни случаеви за заштита на сите градежни работници во Република Македонија. Имено, до највисокиот државен орган, Државниот инспекторат за труд, од страна на СГИП беше побарано да се спроведат сите активности кај главниот изведувач на Коридор 10, но и во наредниот период со отпочнување на активностите на Коридор 8, активности поврзани со безбедноста и здравјето при работа како и назначување посебен инспектор за овој објект. Државниот инспекторат за труд направи надзор на најголемиот инфраструктурен објект Коридор 10. Имено, СГИП перманентно ги следи мерките за безбедност и здравје при работа на сите инфраструктурни објекти воедно и промовира се што е потребно за градежните работници. Овие активности ќе продолжат и понатаму со цел за информирање, зачленување нови членови и јакнење на синдикализмот како единствен одбранбен механизам а воедно и здрава животна средина за вработените. Од дописот во прилог се гледа дека секогаш може да се најде заеднички допринос за сите страни во една соработка на високо државно ниво.