СПОГОДБА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ГАЗИ БАБА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

1.11.2013

01.11.2013 DSCF2276 Потпишувањето на Спогодбата – Ангел Димитров, Тони Трајковски и д-р Живко Митревски (од лево кон десно)

Денес во просториите на Општина Гази Баба е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на општината Тони Трајковски, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ Ангел Димитров и Зоран Антовски од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Потпишувањето на спогодбата е историски чин за општината Гази Баба, но и за сите општини и за субјектите во социјалниот дијалог во земјата. Социјалниот дијалог, што во Република Македонија интензивно се развива од 2010 година, е назаменлива алатка на социјалниот консензус, што пак е основно средство за вкупниот општествен развој на нашата држава – изјави при чинот на потпишувањето претседателот на ССМ д-р Живко Митревски. – Значајно е што социјалниот дијалог и формирањето локални економско – социјални совети (ЛЕСС) се случува во време на светска економска криза, при што Република Македонија е пример за развој и институционализација на социјалниот дијалог.

Во кабинетот на градоначалникот – Гази Баба е прв скопска општина со свој Локален економско – социјален советВо кабинетот на градоначалникот – Гази Баба е прв скопска општина со свој Локален економско – социјален совет

Претседателот Митревски истакна дека ССМ од Први мај оваа година поведе кампања за основање ЛЕСС. Гази Баба е прва скопска општина каде се формира ЛЕСС, кој е дополнителен стратешки елемент што ќе влијае врз секојдневниот живот, особено од аспект на програмите за преквалификација и доквалификација, зголемување на вработеноста, посебно кај младите луѓе.

Градоначалникот на општината Тони Трајковски рече дека од формирањето на ЛЕСС големи бенефити ќе имаат сите страни. Гази Баба е општина со најголем број стопански објекти и работните односи имаат посебно значење. ЛЕСС ќе биде сериозен инструмент за заедничка размена на информации меѓу локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите, како и место за разговор за решавање на проблемите. Посебно би истакнал дека во работата на локалниот совет ќе бидат вклучени Агенцијата за вработување, невладините организации, учениците, средношколците, пензионерите и други здруженија, објасни Трајковски.
Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, додаде дека социјалните партнери во Македонија се на добар пат во развивањето и институционализирањето на социјалниот дијалог. Изгледа дека сите ја сфативме суштината на социјалниот дијалог. ЛЕСС е добра алатка за решавање конфликти и за постигнување решенија.

Во делегацијата на ССМ, во која учествуваа секретарот на Советот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и секретарот на РСП Скопје Јован Цветковски, беше и претседателот на Синдикатот на хемија, неметали и метали Зоран Мироновски, чие матично претпријатие "Алкалоид" се наоѓа на територијата на општината. Мироновски рече дека со оглед на тоа што најголемите претпријатија се наоѓаат на територијата на општината работењето на ЛЕСС ќе има посебно значење. Посебно би било добро решенијата да имаат обврзувачки карактер.

Претставникот на КСС Зоран Антовски изјави дека формирањето на ЛЕСС е вистински правец за соработка меѓу трите страни.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc