ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД  ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

По повод 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски упати честитки до
г. Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија,
г. Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Република Македонија и
г. Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија.


Честитката гласи:

По повод 23 Октомври – Денот на револуционерната борба на македонскиот народ, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име Ви упатувам срдечни честитки.

Ова е ден кој ја симблоизира вековната борба и идеали на македонскиот народ за ослободување, која во континуитет се одвива и која резултира со формирање на самостојна и независна држава Република Македонија.

Денес ги уживаме придобивките од огромните напори и пожртвуваност на нашиот народ да создаде перспективна иднина за своите поколенија. Празнувајќи го овој значаен и голем празник за македонскиот народ, се потсетуваме на заветот што ни е оставен да продолжиме да градиме општество во кое секој ќе има можност да ги остварува основните човекови права, загарантирани во Уставот на Република Македонија кој се темели врз меѓународните стандарди.

Сојузот на синдикатите на Македонија - работниците во Република Македонија се соочени со предизвиците што ги носи пазарното стопанисување и промените во економијата на глобален план. Со цел да се зголемува конкурентноста на македонската економија и на домашниот и на глобалниот пазар, да се постигнува подинамичен економски раст и развој, се залагаме да се промовира придонесот на секој субјект во државата, вклучително и нашата Организација.

Остварувањето на економските и социјалните права е во интерес на подобрувањето на квалитетот на живеењето на работниците и воопшто граѓаните на Република Македонија и претставува потврда за почитување на вредностите на трудот, за социјална правда, за развој на нашата држава во современо демократско општество кое е на сигурниот пат на евроинтеграции.

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Д-р Живко Митревски

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc