ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ЗА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
09.10.2013
Денес во Министерството за труд и социјална политика се одржа состанок на Работната група за Општиот колективен договор за јавен сектор. На разговорите се разгледуваат отворените прашања кои треба да се усогласат од страна на социјалните партнери.
Вчера, на 8 октомври, во Сојузот на синдикатите на Македонија работните групи продолжија со разговорите околу усогласувањата на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.