СЕМИНАР ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ НА СИНДИКАТИТЕ ОД ДЕЈНОСТА ХЕМИЈА И НЕМЕТАЛИ ОД РЕГИОНОТ
22.09.2013
Синдикатот на хемија, неметали и метали на Република Македонија (СХНМ) и Самостојниот синдикат на хемија и неметали на Република Србија, со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, од 20 до 22 септември во Пробиштип одржаа семинар на тема “Улогата и потребата од регионално вмрежување на синдикатите“.
На семинарот, на кој присуствуваа 24 учесници од Македонија и Србија, беа поставени идните цели кон кои ќе се стремат двата синдиката. Една од приоритетните цели е вмрежувањето да ги опфати и да ги обедини и другите синдикати од регионот.
Договорени се понатамошни заеднички трибини и семинари, на кои како спонзор би се јавувала Фондацијата “Фридрих Еберт“, но исто така се зборуваше и за одржување конференции и семинари за кои синдикатите би се финансирале од својот буџет.