ОДРЖАНА СЕДУМНАЕСЕТТАТА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО
30.09.2013
Од 27 до 29 септември во Охрид се одржа Седумнаесеттата синдикална школа на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. На школата, која ја отвори претседателот на Синдикатот за здравство Љубиша Каранфиловски, присуствуваше претседателот на ССМ д-р Живко Митревски.
Двајцата претседатели зборуваа за активностите на Синдикатот во текот на претходниот период. Тие укажаа на значајните придобивки овозможени од аспект на придобивките во работното законодавство и колективното договарање, како и позицијата на Синдикатот во општеството.
На школата беше доделено Решението за репрезентативност на Синдикатот за здравство, кој е единствен репрезентативен во државата, со кој се легитимира неговата позиција во социјалното партнерство.
На школата, на која присуствуваа претставници на членовите на овој синдикат од целата држава, д-р Константин Петковски зборуваше за аспектите на колективното договарање од теоретски и практичен аспект. Свои обраќања имаа д-р Тодор Каламатиев и м-р Александар Ристовски.
Седумнаесеттата синдикална школа се одржа во рамките на едукативниот концепт на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.