РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕВСКИ ВО ОХРИД
30.09.2013
Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, заедно со секретарот на Регионалното синдикално претставништво во Охрид Драган Цветаноски, на 28 септември остварија повеќе средби со претставници на синдикалните организации од приватниот и јавниот сектор.
На прес конференцијата Митревски зборуваше за анализата за спроведување на Законот за минимална плата, организирањето на членството во претпријатијата каде нема сидникални организации и за други актуелни состојби. Посебно за задржа за подготовките за формирање локален економско – социјален совет во Охрид.
Во рамките на посетата беше реализирана средба во јавното претпријатие “Нискоградба“, при што од страна на претседателот на Синдикалната организација Бошко Шаргоски и директорот Никола Икономоски беа презентирани актуелните состојби, напредокот во исплатата на заостанатите плати и здравствени картони.
При оваа посета претседателот Митревски ги посети вработените на терен, на локацијата каде се поставуваат инсталациони мрежи кај месноста “Радоица Новицки“ во селото Долно Лакочереј. Од страна на вработените беше изразено задоволство од посетата и интересот за решавање на состојбите.