ССМ ОДБЕЛЕЖА ДВА КРУПНИ НАСТАНИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.09.2013 

24.09.2013 foto1На денешната прес конференција медиумите информирани за два исклучително важни настани

Денес во Сојзуот на синдикатите на Македонија се одржа прес конференција, на која медиумите беа запознаени со два исклучително важни настани: верификацијата на три конвенции на Меѓународната организација на трудот и добивањето решенија за репрезентативност на девет синдикати здружени во ССМ.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски информираше за крупната активност на Сојузот на синдикатите на Македонија, која во основа ќе придонесе за зајакнување на меѓународните стандарди на трудот и во нашето работно законодавство која е објавена во Сл.Весник на РМ бр.55/13. Активно учествувајќи во евроинтеграциските процеси на државата, Сојузот на синдикатите на Македонија, заедно со другите социјални партнери, во октомври 2012 година има поднесено Иницијатива за ратификување на следните конвенции :

  • Конвенција за колективно договарање, бр. 154 од 1981 година;
  • Конвенцијата за работни односи во јавните служби бр. 151, од 1978 година и Препорака за работните односи (јавна служба) бр. 159, и
  • Конвенцијата за трудова администрација, бр. 150 од 1978 година.

Ратификацијата на Конвенцијата за трудова администрација, 1978 (бр.150), Конвенцијата за колективно договарање, 1981(бр.154) и Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978(бр.151) кои претставуваат темелни конвенции, претставува и верификување на иницијативата на ССМ на која бевме посветени во изминатиот период. Ратификацијата на Конвенцијата за трудова администрација, 1978(бр.150) утврдува дека секоја земја што ќе ја ратификува оваа конвенција во согласност со националните услови и во рамките на системот за трудова администрација, осигурува консултации, соработка и пеговори меѓу јавните органи и најрепрезентативните организации на работодавачи и работници. Ратификацијата на Конвенцијата за колективно договарање, 1981 (бр.154) утврдува дека одредбите на оваа конвенција се применуваат преку законите и други прописи, а исто така се превземаат и мерки за промовирање на колективното договарање во согласност со националните услови. Колективното договарање се проширува на сите преговори што се одвиваат меѓу работодавачот, група работодавачи или една или повеќе организации на работодавачи од едната страна и една или повеќе организации на вработени од другата страна Ратификацијата на Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978 (бр.151) утврдува дека оваа Конвенција се применува на сите лица што се вработени од јавните органи, доколку на нив не се применливи поповолните одредби од другите меѓународни Конвенции за труд.

Во периодот 2010-2012 година, на иницијатива на ССМ, прифатена од другите репрезентативни синдикати и социјални партнери, се ратификувани 5 конвенции на Меѓународната организација на трудот:

  • Конвенција број 94, за регулирање на социјалните клаузули во јавните набавки, донесена 1949 година (во РМ ратификувана во јуни 2010);
  • Конвенција за вршење работа дома, усвоена во Женева на 20 јуни 1996 година (во РМ ратификувана на 19.3.2012 г.);
  • Конвенција за приватни агенции за вработување, усвоена во Женева на 19 јуни 1997 год. (во РМ ратификувана на 19.3.2012 г.);
  • Конвенција за заштита на мајчинството, усвоена во Женева на 15 јуни 2000 год. (во РМ ратификувана на 19.3.2012 год.). Оваа Конвенција ја ревидира Конвенцијата за заштита на мајчинството (Ревидирана), 1952 година;
  • Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа усвоена во Женева на 15 јуни 2006 година (во РМ ратификувана на 19.3.2012).

ДЕВЕТ СИНДИКАТИ ДОБИЈА РЕШЕНИЈА ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ

На прес конференцијата претседателот информираше за добиените решенија за репрезентативност на девет синдикати здружени во ССМ. Заврши уште една крупна активност која ја започнаа синдикатите здружени во ССМ. Тоа е добивањето на Решенија за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел во јавниот и приватниот сектор, на девет гранкови синдикати здружени во ССМ, изјави претседателот на ССМ д-р Живко Митревски. Министерството за труд и социјална политика по заклучокот на Комисијата за утврдување на репрезентативност, на барање на синдикатите согласно Законот за работните односи ги издаде овие решенија:

1. Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел во јавниот и приватниот сектор

2. Синдикат на работниците од Агро - индустрискиот комплекс на РМ

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел – „производство на тутунски производи“
  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел заради учество во колективно договарање – дејност „производство на прехрамбени производи“
  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел заради учество во колективно договарање – дејност „земјоделство“

3. Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на РМ

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел во јавниот и приватниот сектор,
  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел заради учество во колективно договарање од страна на МТСП

4. Синдикат на одбраната и безбедноста на Македонија

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел

5. Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел

6. Синдикат на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката на РМ

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел

7. Македонски полициски синдикат

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел

8. Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија

  • Решение за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел

9. Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ

Решение за репрезентативност во областа на Производството на кожа и слични производи од кожа заради учество во колективно договарање на ниво на гранка, односно оддел.

Претседателот Митревски додаде дека продолжуваат постапките за добивање решенија за репрезентативност и на другите синдикати здружени во ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc