УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ АКТИВНОСТИТЕ НА СИНДИКАТОТ И МЕНАЏМЕНТОТ НА ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

6.09.2013

Со законските прописи е решен проблемот на долгувањата на Јавното претпријатие “Македонски шуми“. Претворањето на долгувањата во траен влог значи елиминирање на огромниот проблем што со години го притискаше претпријатието. Се отвораат широки можности и перспективи, меѓутоа треба да се знае следното: отсега пред нас е нов старт и треба да се свртиме кон иднината.

Добиениот бенефит е резултат на догогодишната упорност на двата социјални партнериДобиениот бенефит е резултат на догогодишната упорност на двата социјални партнери

Ова денес го соопштија генералниот директор на “Македонски шуми“ Жарко Караџоски и претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, на седницата на Претседателството на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвна индустрија и енергетика. Седницата беше проширена со претседателите на синдикалните организации на подружниците и со четворица членови на Менаџерскиот тим на “Македонски шуми“.

Станува збор за долг од преку 46 милиони евра, создаден по основ на ДДВ, придонеси, кредити, камати и разни други долгувања, информираше директорот Караџоски. На 29 август е донесен Законот за траен влог, кој за осум дена стапува на сила.  Владата, односно државата, ова го направија за да ни помогнат. Меѓутоа, отсега натаму ќе мора да одиме со нов старт, со менување на навиките и со свест дека ќе добиваме онолку колку што ќе произведеме. Сега долговите се нула, но не смееме да дозволиме повторно да се доведеме до иста ситуација.

Синдикалците беа информирани за неопходноста од поголема одговорност на сите вработениСиндикалците беа информирани за неопходноста од поголема одговорност на сите вработени

Со години траат залагањата на двата социјални партнери за решавање на наследените проблеми во ЈП и со наша упорност огромниот проблем е решен, рече претседателот Митревски. Тој предупреди дека е добиен огромен бенефит, но треба да се работи на дисциплината и одговорноста. Успеавме да го задржиме бројот на вработени,  и воопшто настојуваме да го одржуиме ветувањето дека нема да има отпуштања и дека и понатаму ќе настојуваме да ги прошириме правата на работниците во Општиот колективен договор за стопанство.

Митревски и Караџоски нагласија дека во претпријатието се шират секакви дезинформации и гласини, што придонесува за намалената дисиплина и производство. Тие известија дека за промената сите подружници ќе бидат информирани, со тоа што Синдикатот за шумарство по своја линија ќе ги информира своите синдикални организации.

На седницата исто така беше објаснето дека измените во Законот за шуми се во функција на решавање на нелегалните дејства во експлоатацијата на шумите, бесправната сеча и другите негативни појави, што доведува до нелојална конкуренција на јавното претпријатие. Караџоски исто така нагласи дека постојат проекти за нови инвестиции во јавното претпријатие.

Претседателот Митревски ги информираше присутните за потврдената репрезентативност на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвна индустрија и енергетика.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc