СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ ОКОЛУ ПОДОБРУВАЊЕТО НА БИЗНИС КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.09.2013

Д-р Живко Митревски, Драган Радиќ и Емил Крстаноски: ССМ ги прифаќа сите иницијативи кои значат напредок во економската положба на работницитеД-р Живко Митревски, Драган Радиќ и Емил Крстаноски: ССМ ги прифаќа сите иницијативи кои значат напредок во економската положба на работницитеПодобрувањето на бизнис климата носи големи бенефити за работодавачите, Владата, синдикатите и воопшто за населението во целата држава. Уредните односи во работните средини се фактор за привлекување странски инвестици, отворање нови работни места и раст на стандардот.

Ова меѓу другото беше кажано на денешната средба на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски со претставниците на Меѓународната организација на трудот, координаторот за Република Македонија Емил Крстаноски и Драган Радиќ, виш специјалист за активности на работодавачите од Канцеларијата за Централна и Источна Европа на МОТ во Будимпешта.

Тема на средбата беше можните полињата на соработка со ССМ околу уредувањето на бројните прашања околу подобрувањето на бизнис климата и деловниот амбиент во Република Македонија.

Претседателот Митревски во куси црти објасни дека ССМ има одлична соработка со социјалните партнери, што е исклучок во регионот. Владата, работодавачите и синдикатите своите односи ги градат врз основа на взаемен респект и доверба, што придонесе Република Македонија да се разликува од сите земји во регионот, каде се случуваат сериозни социјални превирања. Една од придобивките на прогресот на социјалниот дијалог е и колективното преговарање и договарање, за разлика од практичното суспендирање на колективното договарање во некои околни земји. ССМ учествува во креирањето на законите од областа на работните односи, во националните совети за евроинтеграција, за безбедност и здравје и во многу други области. Секако дека ССМ ги прифаќа сите иницијативи кои ќе значат напредок на економската положба на работниците, рече Митревски.  

Претставниците на МОТ информираа за истражувањето во 170 компании од мал, среден и голем обем во Република Македонија. Целта на истражувањето е да се соознаат најголемите проблеми и да се подготви платформа за лобирање, каде улога би добил и Синдикатот. Детектираните проблеми се: регулаторната рамка и честото менување на прописите; достапноста до финансирањето, ангажманите на банките и високите камати; судскиот систем со бавните и скапи постапки; илегалната конкуренција и, како петти фактор, недостатокот на претприемичка култура. Општа појава во околните земји е што младите не се воспитуваат во претприемички дух, туку обратно, се насочуваат да влезат во јавните служби.

Резултатите се основа за добивање на одговори за солуциите на идното дејствување, објаснија од МОТ, покрај направената компаративна анализа спроведена во Хрватска, Словенија, Србија, Ирска и Бугарија, која може да ја дополни сликата и за Македонија. Инаку и Дирекцијата на МОТ во Женева има утврдено 17 столбови за подобрување на бизнис климата.

На состанокот двете страни се согласија дека постои плодно поле на соработка на Синдикатот и МОТ околу подобрувањето на општата бизнис клима во Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc