ПРВА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕНЕРГЕТИКА И СТОПАНСТВО НА РМ
30.08.2013
Во рамките на Синдикалните спортски игри, што во Охрид на 30 и 31 август ги одржува Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Република Македонија (ССЕСМ), се одржа Првата синдикална школа на овој синдикат, на тема “Менаџирање на синдикална организација“.
Во рамките на предавањата се дискутираше за синдикалното лидерство и притоа беше разработен првиот модул за менаџирање на синдикалната организација.
Школата ја отворија претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, кој зборуваше за едукативниот концепт и за донесената Одлука за формирање на Центарот за обука и едукација.
Обуката на школата ја реализираа д-р Константин Петковски и м-р Анета Мајсторова Ивановска.