ЧЕСТИТКА ДО СИНДИКАТОТ НА ИНДУСТРИЈА, ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.08.2013

По повод Денот на рударите 28 август, од името на Сојузот на синдикатите на Македонија и од мое лично име Ви упатувам срдечни честитки, со желба за натамошно подобрување на условите за работа и материјално-социјалната положба на рударите во Република Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија во својата стратегија за дејствување секогаш се води од Уставното право на граѓаните на Република Македонија да живеат од својот труд на достоинствен начин, да ја обезбедуваат својата и егзистенцијата на своите семејства во услови кои го гарантираат тоа. Се залагаме на рударите, пред сé, да им се обезбедат безбедни и здрави услови за работа и да бидат заштитени од ризиците на работните места кои претставуваат опасност по нивното здравје и живот.

Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во ССМ, впрочем, со своето дејствување во континуитет успеваат да ја подобрат материјално-социјалната положба на вработените во овие сектори и да се изборат за остварување на нивните права врз основа на обезбедување на заедничка соработка, солидарност како стратешка опредлба на ССМ и здружените синдикати во ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc