ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО И СИНДИКАТОТ НА ОДБРАНАТА
11.07.2013
Министерот за одбрана Талат Џафери и претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов потпишаа Колективен договор за вработените во овој сектор. Во новиот Колективен договор на Министерството за одбрана се внесени одредби за правата на вработените, осигурувањето, платите, информирањето, синдикалното организирање, материјална одговорност, школување и стручно усовршување и други прашања.
Министерството посветува големо внимание на правата на вработените, но во континуитет се работи и на унапредување на условите за работа, како предуслов за поголема мотивираност и ефикасност на работните обврски и надлежности, изјави министерот Талат Џафери.
За прв пат воведовме слободен платен ден за сите родители кои на први септември запишуваат прваче. Во однос на исплаќањето на надоместоците зајакната е законската рамка, така што ако не бидат испочитувани временските рамки вработените имаат правна заштита, истакна претседателот Рист Ајтов. При потпишувањето на Колективниот договор претседателот Ајтов на министерот Џафери му додели плакета за придонес во јакнењето на социјалниот дијалог меѓу Министерството за одбрана и синдикатот СОБ.