СРЕДБА ССМ - ОРМ ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА СТОПАНСТВО
Денес во просториите на Организацијата на работодавачи на Македонија се одржа средба меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија. Целта на состанокот беше продолжување на преговорите за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Двете страни ги предводеа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ Ангел Димитров.
Претходната средба меѓу ССМ и ОРМ се одржа во ССМ на 6 јуни, кога беше договорено двата социјални партнери да излезат со свои предлози околу колективниот договор.