ШКОЛА ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ
15.06.2013
На 14 и 15 јуни во Охрид се одржа Школата за жени синдикални лидери. Школата е организирана од Фондацијата "Фридрих Еберт", додека учесници беа жените синдикалки од Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Унијата на независни и автономни синдикати (УНАСМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ).
Предавачи беа д-р Тодор Каламатиев, кој предаваше на темите "Трудовото законодавство и права од работен однос" и "Преговарање и склучување колективни договори". Во вториот дел предаваше Владо Караев од организацијата "Рубикон", на темите "Тимска работа" и "Синдикално лидерство".
Во склоп на собирот се одржа презентација "Позитивни примери на успешни жени во светот на мажите", на која настапија жени кои работат професии што се сметаат за исклучително машки.