СРЕДБА НА СИНДИКАЛЦИТЕ ОД ШУМАРСТВОТО

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
28.12.2012
Сертификацијата на шумите е заедничка обврска на социјалните партнери
Сертификацијата на шумите е заедничка обврска на социјалните партнери

Во “Император“ во Битола вчера се одржа средба со претседателиите на синдикалните организации на триесетте подружници на ЈП “Македонски шуми“.

На средбата присуствуваа претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика, менаџерскиот тим на “Македонски шуми“, Надзорниот одбор, Претседателството и синдикалните раководители на подружниците од целата земја. Разговарано е за вкупните состојби во ЈП “Македонски шуми“.

Претседателот на синдикатот Живко Митревски изјави дека ставовите за положбата на вработените на двата социјални партнери се многу блиски и дека двете страни се залагаат да се сочуваат сите работни места во оваа стопанска дејност.

Директорот на ЈП “Македонски шуми“ Жарко Караџоски зборуваше за плановите во наредната 2013 година, посебно задржувајќи се на начините за надминување на најважните проблеми во гранката.

Во рамките на средбата се одржа и “Национална конференција за сертификација на шумите во Република Македонија“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc