СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ЧЛЕНСТВОТО НА СИНДИКАТОТ ЗА СООБРАЌАЈ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СИНДИКАТ “ITF“
20.12.2012
Денес Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) со скромна свеченост го одбележа приемот во Интернационалната транспортна федерација “ITF“
Живко Митревски и Миќо Стојановски со синдикалците на СРСВМ
На приемот присуствуваше претседателот на ССМ Живко Митревски, кој на претседателот на СРСВМ Миќо Стојановски и на присутните синдикалци од СРСВМ им го честита приемот во “ITF“.
Одлуката за примање на СРСВМ како член е донесена на 25 ноември на Конгресот на “ITF“ во Копенхаген. Меѓународниот синдикат “ITF“ има 4,5 милиони членови во 154 земји во светот.
Воедно СРСВМ на своите членови им ја честита Новата година.