ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА “ЕСВОНЅ“ ВО АНКАРА
29.11.2012
На 29 и 30 ноември во Анкара, Турција, се одржува завршната конференција на проектот “Европски мостови за безбедност и здравје“ (ECBOHS – European Cooperation Bridges for Occupational Helath and safety Project). Конференцијата е насловена како “Форум за безбедност и здравје на Западен Балкан и Турција“.
На форумот се дискутира за темите “Усогласување со законодавството на ЕУ: предизвици и можности за подобра безбедност и здравје“, “Рефлексиите на ЕСВОНЅ проектот“, “Улогата на социјалното партнерство и социјалниот дијалог за подобра имплементација на безбедноста и здравјето“ и “Имплементација на одржливи менаџерски системи за безбедност и здравје“.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија, инаку активен учесник во проектот, на анкарскиот форум учествуваат претседателот д-р Живко Митревски, професорот на Правниот факултет “Јустнијан Први“ д-р Тодор Каламатиев и Билјана Стојковска, асистент во ССМ.
Проектот “ЕСВОНЅ“ е финансиран “IPA Програма за социо – економско – партнерство“ на генералниот директорат на Европската Унија, додека го спроведуваат турските синдикати “МЕЅЅ“ и “Турк метал“. Започна во декември 2010 година, при што вклучи повеќе работилници, тркалезни маси, семинари и други средби во земјите од Западен Балкан. Во Македонија за двете години на проектот се одржаа вкупно седум средби од различен тип.
Предавачи беа експерти за безбедност и здравје од Финска, Турција и Велика Британија. Главна цел на проектот е подобрување на политиките и националните законодавства за безбедност и здравје во земјите од Западен Балкан.