СЕМИНАР ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ЛЕСНАТА ИНДУСТРИЈА НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ
24.10.2012
“Јакнење и координација во социјалниот дијалог и колективното преговарање во лесната индустрија во новите земји членки и земјите кандидати“ е тема на семинарот шро се одржува од 24 до 29 октомври во Охрид.
Семинарот се одржува со поддршка на Европската комисија, додека го организираат Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија (СТКЧ), синдикат “CISL“ од Италија и Синдикалниот институт од Италија “ISKOS“.
Предавачи се претседателот на СТКЧ Анѓелко Анѓелковски, секретарот на СТКЧ Елизабета Гелевска, како и експертите од Италија Адријано Линари, Марчело Гвардинели и Роберто Банаквести.