ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ “ИНФОРМИРАНИ И ИСКУСНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО“
9.10.2012
Започнат е проектот “Информирани и искусни за одржливо земјоделство - подобрување на информираноста и консултативните капацитети на социјалните партнери во областа на земјоделството, за активно учество во работниот живот за одржливо земјоделство“. Проектот се одржува со поддршка од Европската Комисија.
Партнери на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Македонија - Агро Синдикатот во овој проект се Федерацијата на независни синдикати од Бугарија, Синдикатот за земјоделство од Романија – “Агро Стар“, експерти од “ALPA“ - Италија, “IG BAU“ - Германија и EFFAT – Европската федерација на синдикатите од прехранбената индустрија, земјоделството и туризмот.
Во рамките на проектот, покрај другите активности, ќе се одржат и неколку работилници во Македонија, Романија и Бугарија, каде ќе се подготват Национални Насоки, како и Препораки во вид на брошура, во врска со информирањето и консултирањето во синдикатите од земјоделството.
Во текот на семинарите ќе бидат вклучени и експерти за колективно договарање, независни експерти, како и експерти од партнерите од старите земји – членки на Европската Унија.