ДЕНЕС ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.10.2012

Претседателот на здружението Вернер Хенгст и претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски
Претседателот на здружението Вернер Хенгст и претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски

Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика и стопанство на Македонија(ССЕСМ) и Здружението на работодавачи од енергетиката при Организацијата на работодавачи на Македонија денес во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери  во оваа област.

Целта на овој колективен договор е да се применат меѓународните работни стандарди, да се изедначат условите за работа на ниво на гранката и да се утврди одредена рамка на права кои треба да им се овозможат на вработените, со што ќе се одржува лојалната конкуренција помеѓу работодавачите во време кога тоа е најпотребно за сигурност на работните места и условите за работа во енергетиката и унапредување на социјалните права и здрава работна средина.

“Цврсто стоиме на констатацијата дека вистинскиот социјален дијалог нема алтернатива и само преку негов континуитет сите отворени прашања можат квалитетно и долгорочно да се решаваат“, изјави г-дин Вернер Хенгст, претседател на Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.

Задоволство  од потпишувањето на договорот искажа и претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката г-дин Роберт Симоноски, кој истакна дека ова е историски момент кога за првпат со колективен договор се верификуваат правата на работниците во сите енергетски компании во земјава од приватниот сектор. Исто така се регулираат односите во енергетиката во време кога тоа е најпотребно за сигурноста на работните места и условите за работа во оваа гранка. Со превземањето на ваквата обврска за заемно почитување на договорните работи со гордост можеме да истакнеме дека Македонскиот енергетски сектор ги имплементираше Европските стандарди на социјален дијалог.

Работодавачите и гранковиот синдикат заеднички оценуваат дека со овој чин социјалните партнери недвосмислено покажале дека имаат меѓусебно разбирање и интерес да ги почитуваат и спроведуваат меѓусебните права и обврски, посебно во поглед на условите за работа, платите, надоместоците и заштитата на вработените.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc