СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
26.09.2012![Денешната средба во СЗПМ](/images/stories/news/2012/26.09.2012_foto.jpg)
Денешната средба во СЗПМ
Денес Претседателот на ССМ Живко Митревски и секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски остварија средба со раководството на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
На средбата во СЗПМ е разговарано за потпишување Меморандум за соработка меѓу ССМ и СЗПМ.
Живко Митревски и претседателот на СЗПМ Драги Аргировски дискутираа за социјално – економската положба на работниците и на пензионерите во Република Македонија. Тие се согласија дека постојат многу полиња за соработка и повеќе блиски ставови, меѓу кои е задржување на постојната старосна граница за стекнување пензија.