ПРОТЕСТ ВО ЗДРАВСТВОТО ЌЕ ИМА, ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
23.09.2012

 

23.09.2012_foto
Денешната средба во Министерствотоза здравство

Штрајк и протест во здравствените установи утре ќе се одржи, после што повторно ќе седнеме на маса за да постигнеме заеднички договор, изјави за медиумите министерот за здравство Никола Тодоров, после денешната средба со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар и Синдикатот “Мајка Тереза“.

Немам намера да го ограничувам правото на штрајк и на протест, затоа што тоа е уставно право. Меѓутоа, ме радува што протестите нема да влијаат врз редовното работење и што ниеден пациент нема да биде оштетен. Најважно е што се договоривме преговорите да продолжат, со цел да најдеме заедничко решение – рече министерот Никола Тодоров.

Причина за случувањата во здравството е Проектот за плаќање по учинок, кој предизвика бранувања во здравствениот систем.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита бараше проектот да се стави во мирување, затоа што здравството е комплициран систем и треба да се биде крајно внимателен при внесувањето било какви промени.

Протестот на Синдикатот за здравство ќе се одржи, и тоа за време на паузата, во времетраење од половина час, што значи дека нема да влијае врз работните обврски. Веќе втор месец како се врши исплата по тој модел. Целта е да се сфати мобилноста на нашето барање, а тоа е доработување и допрецизирање на проектот “Плаќање по учинок“, објасни претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.

Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар останува на одлуката за штрајк, додека Синдикатот “Мајка Тереза“ останува на својата одлика да не штрајкува.

 

Љубиша Каранфиловски: нашето барање е новиот начин на исплата да се стави во мирување
Љубиша Каранфиловски: нашето барање е новиот начин на исплата да се стави во мирување

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc