ПЛАТФОРМА НА ССМ ЗА ПОСКАПУВАЊАТА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

31.08.2012

Мичо Стојановски, Тихомир Климоски, д-р Живко Митревски и Ристо Ајтов на денешната конференција за печат
Мичо Стојановски, Тихомир Климоски, д-р Живко Митревски и Ристо Ајтов на денешната конференција за печат

Корекција на цената на електричната енергија и на ефтината тарифа, која треба да почнува најмалку од 19 часот, преиспитување на работата на претседателот на Регулаторната кмисија за енергетика, субвенционирање на транспортните трошоци на претпријатијата и на чисто транспортните претпријатија и донесување понатамошни мерки против енергетската сиромаштија – се барањата што на денешната конференција за печат ги изнесе претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски.

После неколкуте јавни прозивања на ССМ од неколку страни чувствуваме потреба да ги изнесеме ангажманите на ССМ во однос на поскапувањата, објасни Митрески. Сведоци сме на сериозноста на последиците од светската економска и должничка криза. ССМ ги следи состојбите со цените и со социјалните партнери активно интервенира околу ублажување на последиците по стандардот на граѓаните. Животот не е математичка формула за да може да се искаже со бројки и оттаму право на сите социјални партнери е да се борат да го заштитат стандардот на граѓаните. Ја поздравуваме одлуката на Владата за поефтинување на цената на огревното дрво и сметаме дека и понатаму треба да се интервенира и кај цената на другите енергенси.

Во продолжение претседателот Митревски изнесе кус осврт за платформата на ССМ во изминатите две години.

ССМ како прв синдикален сојуз во регионот и пошироко ја утврди Генералната стратегија и предложи конкретни мерки за справување со кризата. Мерките беа испратени до Владата и до премиерот на 6 јули 2010 година. Платформата на ССМ е фокусирана на три сегменти – економија, мерки против невработеноста и развој на социјалниот дијалог. Исто така се посочени мерки во делот на заштитата на животниот стандард и енергетската сиромаштија.

Со овој чекор ССМ за прв пат понуди мерки, пред повеќе политички структури и други здруженија и синдикати. Голем број од мерките на Стратегијата на ССМ беа реализирани, посебно за категоријата социјално загрозени граѓани.

Овие мерки се уште се во функција и ССМ во континуитет ги афирмира на сите нивоа. Дополнителни предлог – мерки на ССМ беа доставени и образложени на последната средба со премиерот на Владата во февруари 2012 година, при што беше доставена дополнителна платформа. ССМ прв побара измени во начинот на работењето на Регулаторната комисија за енергетика.

По најновиот бран поскапувања на 7 август 2012 година ССМ веднаш реагираше и достави писмени обраќања до Владата, премиерот и министерот за труд и социјална политика, при што следеше соодветно соопштение.

Следен став на ССМ за поскапувањата на енергенсите беше изнесен на 21 август 2012 година. Во соопштението повторно ги изразивме нашите ставови и барања за транспарентен пристап при донесување на одлуките на Регулаторната комисија. Со оглед на значењето на креирањето на политиката на цени, како една од темелните вредности вклучени во Спогодбата за формирање на Економско – социјалниот совет, барањата на ССМ беа насочени кон свикување седница на ова тело и разгледување на предлозите за поскапување на енергенсите од страна на Регулаторната комисија.

На 22 август на состанокот со министерот за труд и социјална политика, по барање на претседателот на ССМ, беа разгледувани Предлог – мерките на ССМ за поскапувањето на енергенсите, особено околу енергетската сиромаштија. Познато е дека набрзо Владата излезе со Предлог за намалување на цената на огревното дрво, но и со дополнителни бенефиции за социјално загрозените работници и граѓани.

Ова е само потсетување на континуираниот и ангажиран пристап на ССМ кон овие прашања. ССМ дејствува согласно својот Статут и Програма и оттаму потполно неприфатливо е наметнувањето на други стратегии и притисоци од одредени политички структури, здруженија и невладини организации кои сакаат ССМ да го инволвираат во одредени сценарија.

Поаѓајќи од овие определби сите активности и реакции мора да бидат резултат на почитувањето на интересите на членовите од различните синдикати, вклучувајќи ги и оние синдикати кои ги застапуваат и членовите од субјектите кои се инволвирани во процесот на поскапувањата на енергенсите и другите производи.

ССМ и понатаму останува еден од суштинските фактори, не само на синдикалната сцена, туку и пошироко, со тоа што и натаму смета дека излезните решенија треба да се бараат со заедничка борба на сите социјални партнери и со меѓусебно почитување на заедничките интереси насочени кон негативните рефлексии од кризата, објасни Митревски.

 

 

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc