ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА
22.08.2012
Денес во Министерството за труд и социјална политика се одржа Конститутивна седница на Комисијата за определување на репрезентативноста.
Комисијата е конституирана согласно измените на Законот за работни односи, според кои социјалните партнери паритетно учествуваат во составот на Комисијата.
На денешната седница присуствуваа министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и претседателот на ССМ Живко Митревски.
Членови на Комисијата од страна на ССМ се секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски.
Во составот на Комисијата членуваат претставници од Владата, претставници на репрезентативните синдикати и репрезентативни здруженија на работодавачите и членови на Економско – социјалниот совет.