СЕМИНАР НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ ПРИ СГИП
25.06.2012Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на 23 јуни 2012 година во Врањска бања организираше семинар на тема “Безбедноста и здравјето при работа за жената во градежништвото и индустријата за градежни материјали“. На семинарот учествуваа вкупно 146 жени, кои дискутираа за спроведување на подобри услови за работа и за рамноправноста на платите меѓу мажите и жените.
Овој семинар произлегува од Кампањата за безбедност и здравје при работа што подолго време и на повеќе нивоа ја води СГИП.
Во семинарот беше вклучен и рекреативниот дел “Вешта жена“, во кој учесничките се натпреваруваа во разни домаќински дисциплини. Оваа атрактивна манифестација од година во година зема се поголем интерес меѓу жените членки на СГИП.