СООПШШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Поттикнати од последните обраќања на одредени субјекти кон ССМ, би сакале да ја информираме јавноста дека Сојузот на синдикатите на Македонија и натаму останува на стратешките определби за заштита и унапредување на позициите на своето членство од здружените синдикати во ССМ.
Основна определба и во овие сложени, општествено, економски збиднувања проследени со светската економска криза е заштита на правата и интересите на синдикалното членство и борба за зачувување на работните места и на социјалниот и економскиот стандард.
Во овој момент покрај останатото, фокусирани сме на легитимирање на своите позиции во процесот на колективното преговарање во јавниот и приватниот сектор каде што очекуваме и скора завршница.
Во однос на креирањето на социјалните политики и понатаму остануваме на јасно изразените ставови за примена на меѓународните стандарди и принципи изразени во конвенциите и препораките на меѓународната организација на трудот и на европските и светските практики промовирани од светската и европската конфедерација на синдикати.
Напоменуваме дека ССМ реагирал и секогаш ќе реагира кога станува збор за повреда или намалување на синдикалните права и слободи утврдени во домашните и меѓународните акти и нормативи.
Сојуз на синдикати на Македонија