ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ
20.6.2012
По повод 20 Јуни, Денот на градежните работници, се одржа редовна седница на Советот на СГИП. Исто така традиционално секоја година се одржува средба со пензионерите, поранешни членови на СГИП, кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во Македонија.
Во знак на сеќавање и почит кон првиот штрајк на градежните работници во Македонија, во 1936 година, делегација на СГИП положи цвеќе пред спомен одбележјето кај Градската болница во Скопје.