ДЕСЕТТИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СГИП
Од 15 до 17 јуни во Дојран, во хотелот “Истатов“, се одржуваат Јубилејните Десеттите спортски игри и средби на Синдикатот за градежништво, индустрија иу проектирање – СГИП. Игрите се совпаѓаат со 20 јуни, Денот на градежните работници.
На игрите учествуваат седум екипи со околу 140 учесници, кои се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.
Во рамките на игрите, во соработка со Фондацијата “Фридрих Еберт“, ќе се одржи трибина на тема “Несигурната работа на младите и улогата на синдикатот во надминувањето на овој проблем“.