ОДРЖАНА ТРЕТА СЕСИЈА НА ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ
12.06.2012
Од 8 до 10 јуни во Охрид се одржа Третата сесија на Школата за млади синдикални лидери, на тема “Организирање и водење состаноци – колективно преговарање“.
Предавачи на школата беа проф. Тодор Каламатиев, кој зборуваше за мобингот и престанокот на работниот однос, д-р Константин Петковски, кој предаваше за целите на обуката и организирање и водење состаноци и Лилјана Јанкуловска од ССМ, која информираше за колективните договори и преговарањето.
Учесници на Школата беа младинските секции од ССМ, КСС и УНАСМ. Школата се одржува со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“.
Во месец мај се одржаа претходните две сесии на Школата за млади синдикални лидери. Првата сесија се одржа на 5 мај во Скопје, на тема “Теорија и пракса на работното законодавство“. Предавачи беа д-р Тодор Каламатиев и м-р Александар Ристовски од Правниот факултет “Јустинијан Први“. Учесници беа членови на младинските секции на ССМ, КСС и УНАСМ. На 19 и 20 мај во Струга се одржа Втората сесија на Школата за млади синдикални лидери, на тема “Лидерство“. Предавач на школата беше д-р Константин Петковски, професор на Универзитетот во Битола.