ДОПОЛНЕТ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ТУТУНСКО СТОПАНСТВО
Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО Синдикат) и Здружението за тутунско стопанство при Организацијата на работодавачи на 23 мај склучија Колективен договор за измени и дополнување на Колективниот договор за вработените во тутунското стопанство.
Со овој Колективен договор се изврши усогласување на постојниот Колективен договор со најновите измени во Законот за работни односи и Законот за минимална плата.
Колективниот договор е поставен на истиов сајт, во одделот Колективни договори.