СЕДУМАНЕСЕТТИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СИНДИКАТОТ ЗА СООБРАЌАЈ
27.05.2012Од 25 до 27 мај, во хотелот “Десарет“ во Охрид“ се одржаа Седмнаесеттите спортски игри и средби на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија.
На игрите учествуваа околу 150 членови на синдикалните организации на синдикатот СРСВМ. Покрај неколкуте спортски дисциплини во машка и женска конкуренција, како пикадо, крос, скок во далечина и друго, се одржа и натпревар по танцување.
Спортските игри и средби се една од традиционалните содржини на синдикалното движење, на кои синдикалците се дружат во послободна и другарска атмосфера.