СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ НА СГИП УСВОИ ПРОГРАМА ЗА 2012 ГОДИНА
01.03.2011Секцијата на млади при Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) вчера одржа состанок, на кој беше усвоена Програмата за активностите на Секцијата на млади за 2012 година. Членовите на секцијата беа информирани за проектите и активностите што се вклучени во Програмата. На состанокот се донесе заклучок за активно учество на сите членови на секцијата во спроведувањето на Програмата.
По одржувањето на состанокот се одржа семинар на тема “Организирање на СГИП за остварување на правата на членовите“. На семинарот беа опфатени темите “Комуникација со членството“, “Артикулирање на барањата на членовите“ и “Општи информации за синдикалното организирање преку СГИП“.
Со цел полесна комуникација и добивање на сите информации Секцијата на млади има отворено свој профил на Facebook страницата (Sekcija Mladi Sgip).