РАЗГОВОРИ СО ФИНСКИОТ ЕКСПЕРТ АНТЕРО ВАХАПАСИ
8.02.2012![Финскиот експерт информиран за ставовите и улогата на ССМ](/images/stories/news/2012/08.02.2012_foto2.jpg)
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија престојуваше експертот за безбедност и здравје при работа Антеро Вахапаси од Финска. Вахапаси работи на Проектот “ECBOHS“ – Европски мостови за соработка за безбедност и здравје, додека неговата техничка задача е да ги запознае состојбите со безбедноста и здравјето при работа во Македонија.
За овдешните состојби и за улогата на ССМ во обаа област гостинот од Финска го информираа претседателот на ССМ Живко Митревски, секретарот Анѓелко Анѓелковски, стручниот соработник Инда Савиќ, како и Агим Шаќири од Државниот инспекторат за труд и Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа.
Претседателот Митревски информираше дека за ССМ е приоротет зголемување на капацитетот на членовите, со посебно внимание на локалното ниво. Желба и цел на ССМ е имплементирање на искуствата и регулативата на Европската Унија.
Вахапаси посебно се интересираше за законите во Република Македонија, нитегративните процеси, социјалниот дијалог и стратегиите на ниво на птретпријатие.
Во рамките на проектот “ECOBHS“ минатата година, покрај другите средби, се одржаа конференција и работилница во ССМ, на кои предаваа експерти од Турција и Финска. Во месец март ќе се одржи централна конференција на проектот во Истанбул. Проектот ECBOHS – European Cooperation Bridges for Occupational Health and Safety е помогнат од Европската Унија.