СИНДИКАТОТ ЗА ОДБРАНА НОВ КОНСТИТУТИВЕН ЧЛЕН НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Претседателот на Секцијата на млади Ирена Смиљановска информираше за планираните проекти за наредната година
Претседателот на Секцијата на млади Ирена Смиљановска информираше за планираните проекти за наредната година

 

Синдикатот за одбрана и безбедност (СОБ) е нов конститутивен член на Сојузот на синдикатите на Македонија, одлучи денес Советот на ССМ, усвојувајќи ја претходно усвоената Предлог – одлука на Претседателството.

Синдикатот за одбрана и безбедност направи смел чекор и ние им честитаме на храброста. Приемот е во потполна согласност со сите постојни акти на ССМ и на СОБ. Влегувањето на СОБ во ССМ се влопува во нашата стратегија за зголемување на членството и за окрупнување на Синдикатот, изјави по тој повод претседателот на ССМ Живко Митревски.

Успеавме да го надминеме индивидуалниот пристап на синдикалните интереси. Се тргна настрана човечкиот фактор и мислам дека е време во Република Македонија да се пристапи кон окрупнување на синдикалното движење, рече претседателот на СОБ Ристо Ајтов.

На денешната седница на Советот е прифатена измена на Статутот на ССМ за влегување на новиот член СОБ.

При промоцијата на прирачникот “Права од работен однос на жените и младите во Република Македонија“, што ја издадоа ССМ и Фондацијата “Фридрих Еберт“, се разгледуваше сработеното на двете секции, Секцијата за жени и Секцијата на млади. Претседателот на Секцијата на жени Елизабета Гелевска и претседателот на Секцијата на млади Ирена Смиљановска зборуваа за активностите во изминатиот период и ги најавија проектите за следната година.

Претседателот Митревски посебно му се заблагодари на амбасадорот на Словачка Роберт Кирна за ангажманот и поддршката на Република Словачка во синдикалното движење во Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc