ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВО КОН КРЕДИТНИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ И ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Од денешната средба во  Синдикатот за здравство
Од денешната средба во Синдикатот за здравство

Се соочуваме со проблем на вклопување на одредени категории висообразовани кадри во Колективниот договор за здравствена дејност. Тоа се лицата од првиот и вториот циклус на стручните студии. Во постојниот Колективен договор не се предвидени коефициентите на сложеност за овие кадри од вториот циклус и оттаму наша цел е тоа да се направи.

Ова го истакна претседателот на Самостојниот синдаткт за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски на денешната средба на синдикатот, односно Работната група за високо образование на Синдикатот за здравство, со претставници на Министерството за здравство и Министерствоот за   образование. На состанокот присуствуваа претседателот на ССМ Живко Митревски, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје Никола Јанкуловски, деканот на Медицинскиот факултат во Штип Никола Камчев и деканот на Високата медицинска школа во Битола Стојна Ристовска.

Претседателот Љубиша Каранфиловски објасни дека од 19 март 2003 година Република Македонија го прифати Болоњскиот систем на образование, кој се заснова на циклуси и на кредитен систем. Дилемите се за вториот циклус на стручните студии, каде се добиваат звањата: високи медицински сестри со високо образование, физиотерапевти, рентген техничари, лаборанти и други, кои завршуваат специјализации, односно втор циклус на стручни студии. Прашањето е каде соодветно да се најдат тие и специјалистичките кадри во Колективниот договор и во систематизациите во јавните здравствени установи, објасни Каранфиловски, кој заклучи дека Колективниот договор ќе мора да се прилагоди кон образовниот систем.

PRISPOSOBUVANJE NA KOLEKTIVNIOT DOGOVOR ZA ZDRAVSTVO KON KREDITNIOT OBRAZOVEN SISTEM I ZAKONOT ZA VISOKO OBRAZOVANIE

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc