ССМ, КСС И ФЕС ЗА 2012 ГОДИНА ОРГАНИЗИРААТ ШКОЛА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

ОГЛАС

АПЛИКАЦИЈА

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Фондацијата “Фридрих Еберт“ за 2012 година организираат “Школа за млади синдикални кадри“. Целта на школата е едукација и градење синдикални кадри, кои понатаму ќе можат да спроведуваат синдикално образование, да водат синдикална политика во нивните работни средини или да станат синдикални лидери.

Школата е замислена како серија од шест дводневни семинари си различни теми. Секоја од темите ќе биде презентирана од заеднички избрани експерти и предавачи, низ модерно осмислени модули со употреба на интерактивни техники , вклучувајќи и индивидуални или тимски семинарски задачи и презентации, кои се задолжителен дел за сите избрани учесници.

Предвидени теми за семинарите се:

Период на реализација:
Суштина и значење на синдикалното организирање, права од работен однос, колективни договори средина на февруари
Тимска работа март
Синдикално лидерство април
Комуникација -  разбирање на луѓето и нивната природа мај/јуни
Организирање и водење состаноци август/септември
Преговарање октомври

Развојот на современото синдикално организирање не може да се постигне без промена на  свеста, односно начинот на размислување на вработените. Во тој контекст е клучна улогата на младите и на нивното лидерство.

Во светот, посебно во земјите со долга традиција на синдикално дејствување, едукацијата на младите синдикалци е вообичаена пракса, која се изведува организирано и систематизирано. Бидејќи во Република Македонија досега не се посветува доволно внимание на овој план, неопходно е едуцирање на младите синдикалци и поттикнување на нивното лидерство во синдикатите на сите нивоа. Ова прашање е посебно значајно со оглед на постоењето на синдикалниот плурализам во Република Македонија.

Предвидени теми за семинарите се:

1. Суштина и значење на синдикалното организирање,

права од работен однос, колективни договори

Тимска работа

Синдикално лидерство

Комуникација - разбирање на луѓето и нивната природа

Организирање и водење состаноци

Преговарање

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc