ОСМИ ФОРУМ НА ПАНЕВРОПСКИОТ РЕГИОНАЛЕН СОВЕТ “ПЕРК“
На форумот се расправа за шест теми, на кои синдикатите ги изложуваат своите ставови и дискутираат околу стратегиите на дејствување. Тоа се “Можни рамковни принципи за развој на нова програма на ПЕРК, очекувањата на синдикатите на ЈИЕ од ПЕРК и можностите за дејствување преку ПЕРК“. Втората тема се реформите во пензиските системи во земјите од ЈИЕ и позицијата, ставовите и предизвиците на синдикатите. Нов проект за даночните системи, неформалната економија и корупцијата е третата тема. На предлог на синдикатите од Македонија и Албанија на форумот е поставена четвртата тема, модернизација и реформирање на синдикатите, лансирање на социјалниот дијалог и улогата на синдикатите во европските интегративни процеси.
Во текот на утрешниот ден ќе се зборува за Светскиот ден на пристојната работа, одговорите на синдикатите од ЈИЕ и мерките на владите за финансиската и економската криза, област која ја предложи Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска. Шестата тема е партиципацијата на синдикатите од ЈИЕ во демократските процеси.
На средбата учествуваат претставници на синдикалните организации и на други институции од регионот. Република Македонија ја претставуваат Живко Митревски, претседател на ССМ, Раско Мишкоски, претседател на КСС и Слободан Антовски, претседател на УНАСМ. Од ИТУЦ – ПЕРК се присутни Григор Градев, секретар на ПЕРК, Ениса Салимовиќ и Самра Ковачевич од Канцеларијата на ИТУЦ – ПЕРК во Сараево. Од Хрватска се присутни Марија Хаџевачки од NHS и Младен Новосел од UATUC, од Србија Љубисав Орбовиќ од CATUS и Бранислав Чанак од “Независност“, од Црна Гора Зоран Масоничиќ и Бранко Градашевиќ од CTUM, од Босна и Херцеговина Ранка Мишич од KSBIH, од Албанија Кол Николај од KSSH и Јани Кочо од BSPSH, од Косово Арифи Хаџи и Дафина Мехај од BSPK и од Италија Микеле Берти од UIL. Од страна на Фондацијата “Фридрих Еберт“, со чија помош се одржува средбата, се присутни Фихт Роланд, Хајнц Богартс и Младен Јефтиќ.
За 2012 година е планирано одржување на два форуми на ИТУЦ – ПЕРЦ.