ЧЕСТИТКИ ОД ССМ ЗА ДЕНОТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Честитка до Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО - ДПМНЕ
Почитуван г. Груевски
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име примете честитки по повод Празникот 23 Октомври – Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.
За македонските работници, за Сојузот на синдикатите на Македонија како нивна организација, ова е исклучително значаен Празник. Борбата за национална слобода е и борба за остварување на вековните стремежи на македонските работници за нивните социјални права, за елементарните права од трудот, против безмилосната експлоатација.
Придобивките од заедничката револуционерна борба се темелот на правата од трудот зацртани во нашиот највисок правен акт – Уставот на Република Македонија, како и во другите закони од трудовата сфера, во кои се содржани меѓународните трудови стандарди.
Република Македонија денес е современа демократска и правна држава која сигурно чекори кон економски и општествен просперитет и евроинтеграциите. Тоа го потврдуваат континуираните успеси на нашата држава, меѓудругото, на економски план, што позитивно се одразува врз материјалната и социјална положба на вработените, зголемувањето на животниот стандард и општиот напредок на Република Македонија.
Со почит,
Претседател,
м-р Живко Митревски
Честитка до г. Ѓорге Иванов претседател на РМ
Почитуван г. Иванов
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име искрено и срдечно Ви го честам Празникот 23 Октомври – Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.
Денес во нашата држава со гордост се чествува големиот Празник на македонскиот народ. Придобивките од извојуваната победа за национално ослободување, за социјалните права, за почитување на човекот како човек и како работник денес се основата на нашето општествено и правно уредување, придобивки кои ги уживаат сите граѓани на нашата држава.
Со револуционерната борба се остварени и вековните заложби на македонските работници за ослободување од бескрупулозната екслоатација на нивниот труд и стремежите секој да може да живее од сработеното, во современо општество, во општество на благосостојба, во кое владее демократијата и правото врз меѓународните стандарди.
Врз овие основи, сегашните и идните генерации продолжуваат да вложуваат интелектуални сили и напори за зачувување и унапредување на правата на граѓаните и натамошен економски и општествен просперитет на Република Македонија, која е на сигурниот пат за интегрирање во големото европско семејство.
Со почит,
Претседател,
м-р Живко Митревски
Честитка до г. Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РМ
Почитуван г. Вељановски
По повод Празникот 23 Октомври – Денот на револуционерната борба на македонскиот народ, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име Ви упатувам срдечни честитки.За македонските работници, и за нас како нивна работничка организација, овој Празник има големо значење. Тоа е револуционерна борба за национално, но и социјално ослободување, за ослободување од вековната немилосрдна експлоатација на трудот на работниците. Придобивките од заедничката борба денес ги чувствуваат сите граѓани на нашата држава, вклучително и работниците.
Остварените стремежи за национална слобода, социјална праведност, за почитување на трудот се темелот на нашиот уставно-правен систем, на современа, демократска и правна држава, кој ги гарантира елементарните трудови права и кој не води по сигурен пат за економски и општ општествен прогрес и вклучување на Република Македонинја во големата европска заедница.
Со почит,Претседател,
м-р Живко Митревски