ССМ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРИСТОЈНАТА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

ССМ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРИСТОЈНАТА РАБОТА
Од денешната седница: ССМ смета дека законодавството е еден од најдобрите механизми за унапредување на работните права

 

По повод 7 октомври, Светскиот ден на пристојната работа, Сојузот на синдикатите на Македонија денес ја одржа Третата, свечена седница.

Сојузот на синдикатите на Македонија на овој начин ја поддржува идејата и целта на Меѓународната организација на трудот за пристојна работа, промовирана во 1999 година, како и одлуката на Европската конфедерација на синдикатите 7 октомври да се прогласи за Светски ден за пристојна работа. Изразуваме целосна поддршка на барањата на работниците од целиот свет за овозможување пристојна работа согласно меѓународните стандарди, за заштита на правата од работен однос во нормативен и вистински смисол, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски во уводното излагање на седницата на Советот.

Митревски информираше дека во овој поглед ССМ првпат излегува со своја Програма, која ќе трае цела година. Така на сосем поинаков, поактивен начин ќе го реализираме она што го договоривме со Светската и Европската конфедерација на синдикати (ИТУЦ и ЕТУЦ), додека кон Програмата се приклучени и други синдикати.

На 28 овој месец ќе се одржи Kонференција на тема “Безбедност и здравје при работа – активно трудово право“, на која ќе учествуваат претставници на Европската Унија, голем број амбасадори во Република Македонија и претставници и експерти од Турција.

На седницата беше кажано дека законското регулирање на работното и социјалното законодавство отсекогаш е најважен механизам за унапредување на правата од работа. Тоа е случај со Предлог – законот за европски работнички совети, за кои ССМ има став дека се од исклучително значење за инсталирање на работничката партиципација во претпријатијата. Со овој закон ќе се исполнат неколку директиви на Европската Унија. ССМ изнесе многу предлози во изработката на Предлог – законот, кој наскоро треба да се разгледува во три комисии на Собранието на РМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc