СЕМИНАР ЗА ЖЕНСКОТО СИНДИКАЛНО ЛИДЕРСТВО
30.09.2011
Денес и утре во Струга се одржува семинарот “Поттикнување на женското синдикално лидерство“. Организатори се Секцијата на жени при ССМ и Фондацијата “Фридрих Еберт“, додека предавач е професорот Константин Петковски...
Денес и утре, на 30 септември и 1 октомври, Секцијата на жени, во соработка со Фондацијата “Фридрих Еберт“ - Скопје, во Струга одржуваат семинар на тема “Поттикнување на женското синдикално лидерство“. Предавач на семинарот е Константин Петковски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први“.
На семинарот ќе учествуваат околу 30 членови на Секцијата на жени при ССМ, кои се членки на синдикатите здружени во ССМ. На собирот претседателот на ССМ Живко Митревски ќе зборува на тема “Актуелни состојби во синдикалното организирање“ и “Колку се жените активно вклучени во синдикалното организирање“.
Семинарот е од типот на работилница, при што учесничките ќе бидат поделени во неколку групи, не информира претседателот на Секцијата на жени Елизабета Гелевска. Овој тип семинар вклучува активно учество на сите присутни, затоа што секој треба да го каже своето мислење. Темите кои ќе се обработуваат се “Лидерско огледало“, “Зошто жените се малку активни во синдикалното организирање и во улога на претседатели на основни организации?“, “Синдикатот како форма на организирање“, “Лидерски вештини“, “Предизвиците на современото синдикално организирање“, “Особини на личноста на лидерот“, “Модел на синдикален лидер“, “Емоционална интелигенција“, “Улога на емоциите на работното место“, “Комуницирањето како вештина“, “Разбирање на луѓето и нивната природа“, “Стилови на комуницирање“ и други теми.