СЕМИНАР ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО
23.09.2011
Синдикатот за хемија, неметали и метали наредните три дена одржува семинар на тема “Безбедност и здравје при работа – проценка на ризик на работно место“...
Синдикатот за хемија, неметали и метали (СХНМ) на Македонија од 23 до 25 септември во Охрид одржува семинар на тема “Безбедност и здравје при работа – проценка на ризик на работно место“.
На семинарот ќе учествуваат над 40 синдикалци, членови на СХНМ, информира претседателот на синдикатот Зоран Мироновски. Предавач е Инда Савиќ, стручен соработник во Сојузот на синдикатите на Македонија.
Проценката на ризичноста на работните места е посебна и доста широка област во вкупната заштита на здравјето на вработените. Изложеноста на разни хемиски агенси е карактеристична за хемиската индустрија, но и во другите две гранки, така што учесниците на семинарот имаат големо поле на дискусија, вели Мироновски.