РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО
12.09.2011Денес се одржа прва работна средба меѓу министерот за здравство Никола Тодоров, претседателот на ССМ Живко Митревски и претседателот на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски...
Денес во Министерството за здравство се одржа прва работна средба на новиот министер за здравство Никола Тодоров со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.На средбата е разговарано за одржување и унапредување на дијалогот меѓу социјалните партнери, за концептот на здравствената заштита, за условите на здравствената заштита во насока на претстојните реформи во здравството и за други прашања врзани за уредувањето на односите во здравствениот систем во Република Македонија.
Двете страни констатираа дека социјалниот дијалог и интензивната соработка меѓу министерството и синдикатот ќе продолжат во континуитет како и досега.