ШТРАЈК ВО РАДЕ КОНЧАР – СЕРВИС

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

thumb_23.06.2011_strajk_rade_koncar22.06.2011

Работници на ДОО “Раде Кончар – сервис и поправка на електрична опрема“ од понеделникот се во штрајк. Во Синдикалната организација велат дека причина е што раководството одбива да разговара за колективен договор на ниво на претпријатие...

 

Пред влезот на “Кончар“: прекин до започнувањето преговори
23.06.2011_strajk_rade_koncar
Пред влезот на “Кончар“: прекин до започнувањето преговори
Во кругот на ДОО Раде Кончар – сервис и поправка на електрична опрема“ во тек е штрајк. Од Синдикалната организација информираат дека причина е што раководството одбива да разговара за продолжување, односно потпишување на колективен договор.

Во последните неколку години сме соочени со постојано намалување на правата од работен однос, изјавува Марјан Поповски, претседател на Синдикалната организација. Нашата цел е со колективен договор да се регулираат прекувремениот и ноќниот труд, надоместокот за годишни одмори, правото на добивка, безбедноста и здравјето при работа и други права, кои сега се одредуваат само од страна на директорот Аце Антевски.

Поповски вели дека проблемите во односите меѓу работниците и управата започнале пред две години. Во месец февруари е доставено барање за преговори за потпишување колективен договор на ниво на претпријатие, но одговор не е добиен. Во мај истото барање е повторно игнорирано, по што Синдикалната организација одлучи да организира штрајк.

Марјан Поповски рече дека минатата година се вршени притисоци врз вработените да се откажат од членувањето во Синдикалната организација. Штрајкот почна во понеделник и продолжува на неодредено време.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc