ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈА ЗА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

21.06.2011

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за финансиски дејности доделија уверенија на 55 антимобинг советници. Ова е почеток на создавањето поширока социјална мрежа за заштита од психичко малтретирање...

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈА ЗА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ
Од предавањето на уверенијата - создадена основа за поширока социјална мрежа | Антимобинг советниците се од различни работни средини

21-juni-foto-1 21-juni-foto-2Вие сте пионери во создавањето поширока социјална мрежа за заштита на работните луѓе од психичко малтретирање на работните места. Целта е јавноста да се запознае со мобингот и луѓето да се охрабрат да бараат помош.

Ова го изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски на денешното доделување на уверенија за антимобинг советници. Уверенија добија вкупно  55 лица, додека настанот е значаен затоа што за првпат во Македонија се создава организирана база за дејствување против мобингот.

Претседателот Митревски објасни дека после оваа фаза ССМ отвора нова агенда, првенствено за донесување посебен закон за мобинг. Сега се води јавна расправа за донесување посебен закон, додека наскоро ССМ ќе понуди свој предлог на закон за мобинг.

Гоце Селовски, претседател на Синдикатот за финансиски дејности (СФДМ), објасни дека обуката не беше резервирана само за синдикалци, туку дека се опфатени претставници на невладини организации, на вработени во државните органи, приватни и јавни претпријатија и од други средини.

21-juni-foto-3 21-juni-foto-4Советниците на 3 и 4 мај поминаа обука, која се одржа во склоп на Регионалниот проект “Мрежа за здравје и заштита при работа“. Предавачи беа четворица експерти од Македонија и два од Хрватска. Во проектот “Мрежа за здравје и заштита при работа“,  финансиран од ЕУ, се вклучени синдикати и други институции од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, додека носител е хрватското здружение “Удруга мобинг“ од Загреб. Од македонска страна учесници се Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за финансиски дејности. Постојниот Регионален проект ќе се заокружи со завршна конференција кон крајот на октомври, во Макарска, Хрватска.

На прашањето на новинарите за работењето на “Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг“ (основана на 21 декември 2010 година, од ССМ и СФДМ) Селовски објасни дека досега се комплетирани 50 досиеја. Помош побарале луѓе од приватниот сектор, од државната управа, од различни гранки (здравство, образование, градежништво, полиција), со различен степен на образование, од неквалификувани до магистри, што значи деја мобингот е доста раширен во работните средини во Македонија.

Претседателот Митревски информираше дека моментно правната служба на ССМ води три судски случаи, од кои два се во фаза на вештачење. Самите судски пресуди ќе бидат значајни за отворањето на оваа штетна појава и на запознавањето на јавноста. Бидејќи материјата е нова, цел на ССМ е со општата едукација да бидат опфатени не само работниците, туку и работодавачите, судиите, Стопанската комора и луѓето од други институции.

Некаде кон септември ќе ги соопштиме резултатите од анкетата што ја спроведуваме од јануари до април и која опфати 1.300 испитаници, како и од испитувањата што ги спроведува Конфедерацијата на слободни синдикати. ССМ и КСС почетно дојдоа до сознанија дека 77 отсто од анкетираните почувствувале некој облик на мобинг. Во секој случај, точните резултати ќе бидат познат после летните одмори, но дека очекуваме бројот на мобираните нема да биде помал од 50 отсто, информираше Селовски.

Големата невработеност и притисокот да се сочува работното место се двете причини за губењето храброст да се побара помош, одговори претседателот Митревски на прашањето на новинарите. Во секој случај целта ан ССМ е да се охрабрат сите страни да се соочат со оваа штетна и се пораширена појава. Идејата е советниците да одржат мини семинари во нивните работни средини, со тоа што во секое време можат да побараат помош од експертите на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг.

Во продолжение го објавуваме списокот на советници кои денес добија уверенија: Адријада Исени, Дивна Змејовска, Даниела Јорданова, Биљана Стојковска, Даниела Илиеска, Владимир Кацарски, Ванчо Самарџиски, Магдалена Робовска, Горан Младеновски, Драган Гиновски, Алма Хот, Елизабета Здравковска, Виолета Трпевска, Викторија Талеска, Вера Бужаровска, Викторија Митриќеска, Видосава Стојановска Гурчевска, Верица Тасева, Јулија Чавдар Христова, Васе Неданоски, Биљана Михајловска, Ана Бургаева, Емилија Захариевска, Душко Петровски, Драгица Пандиловска, Драган Гоцевски, Александар Чамински, Иван Митровски, Зоран Кузманоски, Златко Георгиевски, Фросина Денкова, Елизабета Трајковска, Татјана Алексовска Сапунџиоска, Стојна Петковска, Соња Станковиќ, Славица Манасиевиќ Андева, Саниа Бургаева, Рубинчо Аризанковски, Александар Ристовски, Рамадан Мифтари, Надица Бадева, Мирјана Јовановска Стојановска, Милица Беслаќ, Мимоза Вијушевиќ, Мираљем Асани, Маргарита Николовска, Маја Цветановска, Маја Ивановска, Љупчо Радовски, Љупка Јовановска, Кристина Поповска Дејанова, Лидија Кекеновска Париќ, Лепа Ивановска, Крсте Мицевски и Катица Спасовска Бинчева.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc