СГИП ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_20.06.2011_sgip_sednica20.06.2011

Советот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање денес свечено го одбележаа Денот на градежните работници и 75 - годишниот јубилеј на првиот штрајк на градежниците работници...

 

Свечената седница повод за прослава и за одговорноста на синдикатот

 

20.06.2011_sgip_sednica
Свечената седница повод за прослава и за одговорноста на синдикатот
Денес Советот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) одржа свечана седница по повод 20 јуни, Денот на градежните работници, исто така и по повод 75 годишнината од одржувањето на првиот штрајк на градежните работници во Македонија.

Во 1936 година со штрајкот почнува синдикалното организирање на градежните работници, кои ги формираат првите тела и органи. Како нивен синдикат пред нас е голема историска одговорност за продолжување на заштитата на работниците, рече претседателот на СГИП Павел Трендафилов.

Нашите темелни цели се постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во градежниот сектор, повисоки плати и подобри услови за работа. СГИП мора да притиска државата, најголемиот инвеститор во земјава, да им обезбедува работа на градежните компании. Евентуалниот колапс на градежништвото би се одразил со домино ефект врз целата македонска економија, изјави Трендафилов.

СГИП во изминатите четири - пет години пред државните органи настојува да докаже дека тендерите треба да ги добиваат домашни компании. За жал, обиколницата и системот “Злетовица“ ги добија странски фирми, што се одрази врз положбата на домашните компании. Не смееме да дозволиме градежништвото да биде место за брзо богатење на поединци, а работниците да не знаат како да преживеат. Зголемувањето на платите е темелна цел на синдикатот. Апсурд е на плата од пет илјади денари да се плаѓаат придонеси на двојно поголема основица. Накусо, работникот мора да биде платен, објасни Трендафилов.

Конвенцијата 94 на МОТ е исто така значајна активност на СГИП. Не може да се оди во Европа без социјални клаузули, кои треба да бидат критериум за учество на јавните тендери. Активностите за имплементација почнаа пред пет години, минатата година Конвенцијата е ратификувана и сега треба да се настојува примена на овој меѓународен документ во македонските закони. Од 4.170 регистрирани градежни компании само мал дел се способни да извршуваат големи градежни операции. Никој не е против појавата на нови претпријатија, но мора да се воведат правила на игра, во смисол работа да добиваат само вистинските претпријатија, односно оние кои ги извршуваат обврските кон вработените.

На седницата присуствуваа ветераните на градежниот синдикат, меѓу кои и Загорка Трајчевска, претседател на синдикатот на градежниците до 90 - тите години. Порано владееја сосем поинакви односи меѓу работниците и раководството, додека денес тие односи се променети на полошо. Мислам дека таква ситуација е апсурдна при толку голем технолошки напредок и научни достигнувања. За подобрување на општата состојба не може да се чека само на синдикатот, туку двигатели треба да бидат Владата и рабнотодавачите, се обрати Загорка Трајчевска.

Милорад Патковиќ, исто така долгогодишен синдикален активист, изјави дека двете темелни задачи се обезбедување нормални услови за работа и зголемување на платите.

Околностите во земјава се поставени на начин што место за подобар живот, ние во моментов сме во позиција да се бориме да го задржиме постојното ниво, предупреди Благица Стојковска, секретар на СГИП. Не можеме да се помириме со такви осноси, туку во секој случај секогаш треба да интервенираме кај социјалните партнери, Владата и работодавачите, да се подобруваат позициите и стандардот на работниците. Инаку имаме проблеми со колективниот договор на гранско ниво и сега гледаме да направиме модел на колективни договори на ниво на претпријатие. Моделот го применивме во деведесеттите години и тогаш 99 отсто од претпријатијата потпишаа свои колективни договори.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc